Битка за „Ол Стар“: Леброн Џејмс, па Никола Јокиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот пресек на гласањето на навивачите пред НБА „Ол Стар“ викендот, кошаркарот на Денвер и српски репрезентативец Никола Јокиќ се наоѓа на второ место во Западната конференција.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е на првото место со 4.825.229 гласови, додека Јокиќ има 3.441.893 гласови.

Првото место во Источната конференција му припаѓа на Кевин Дурант од Бруклин нетс со 4.509.238 гласови, додека второ место е Јанис Адетокумпо со 4.467.306 гласови.

Ол Стар викендот ќе се одржи од 17 до 19 февруари во Солт Лејк сити.