Бивш агент на Шумахер удри по Корина: Мора да ја каже вистината!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поминаа 10 години од несреќата на Михаел Шумахер на скијањето на француските алпи, но и по една деценија нема конкретни детали за здравјето на поранешниот возач во Формула 1.

Многумина тврдат дека Шумахер е во вегетативна состојба, додека дел од пријателите откриваат дека легендарниот возач комуницира со семејството со помош на поглед и движење на рацете.

Неговиот поранешен агент и пријател, Вили Вебер го нападна семејството Шумахер и побара од Корина да ја каже вистината.

„Кога размислувам за Михаел, за жал немам надеж дека ќе го видам повторно. Не сум добил позитивни вести 10 години. Жал ми е што е ваква ситуацијата. Требаше веднаш да заминам во болницата. Многумина ме прашуваат за неговото здравје, но немам информации. Се обидов да ја контактирам Корина, но не ми се јави“, вели Вебер.