Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Лионел Меси има договор со Барселона на уште неколку месеци затоа што му завршува договорот, а поранешниот голман и спортски директор на Каталонците, Андони Зубизарета смета дека Аргентинецот донел одлука за својата иднина.
Меси и другарите викендов играат во шпанскиот Куп, а Зубизарета смета дека конечниот резултат на мечот нема да влијае на одлуката на аргентинскиот фудбалер.
„Меси заслужи да размисли и да реши. Претседателот Лапорта ќе се обиде да го задржи. Ако остане тоа ќе биде одлично, а ако не тогаш ќе играме без него. Мислам дека донесе конечна одлука за неговата иднина“, вели Зубизарета.
Меси цела кариера ја мина во екипата на Барселона и најверојатно таму ќе ја заврши.