Бивш голман на Интер: Бразилец сум, морам да навивам за Франција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот голман на Интер, Жулио Цезар кажа дека ќе навива за Франција во финалето против Аргентина на Мундијалот во Катар.

Франција и Аргентина ќе се судрат в недела од 16 часот во финалето на Светското првенство (СП).

„Како Бразилец јас морам да навивам за Франција. Постои големо ривалство меѓу Бразил и Аргентина. Ако беше Бразил во финале, тогаш Аргентинците ќе беа против нас“, вели Цезар.

Цезар заедно со Бразил ја освои Копа Америка во 2004 година, а настапи и на три Мундијали, и тоа во 2006, 2010 и 2014 година.