Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот италијански фудбалер Фабрицио Миколи ќе мораи да оди во затвор, откако Судот во Италија го казни со три ипол годишна казна поради обвинување за изнуда, насилство и врска со мафијаши.
Италијанската јавност е шокирана затоа што станува збор за фудбалер кој имаше одлична кариера, а случајот кој конечно доби пресуда е од пред десетина години.
Миколи со закани барал да добие 12.000 евра од газда на еден ноќен клуб, а имало и аудио снимки кои ја докажуваат неговата вина.
Бившиот спортист ја признала вината пред Судот и кажал дека неговиот пријател Мауро Лаурицела, исто така, бил дел од мафијата.
Миколи ќе остане запаметен по настапите во Палермо, а наскоро ќе биде познато во кој затвор ќе ја издржува казната.