Бивш кошаркар на Црвена Звезда почина на тренинг!

Денеска беа објавени ужасни вести за поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Мајкл Оџо. Нигерискиот играч починал од срцев удар на тренинг.

Оџо настапуваше за колеџот на Флорида Стејт, а во 2017 година потпиша за ФМП откако не беше избран на НБА-драфтот, а една година подоцна се пресели во Ц. Звезда, каде што стана миленик на навивачите.

Со српската екипа успеа да го освои Суперкупот во АБА во 2018 година, а претходно сезоната 2015/16 ја пропушти поради повреда.