Бивш репрезентативец на Холандија почина по борба со тешка болест


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Фернандо Риксен, поранешен холанѓански репрезентативец и фудбалер на Ренџерс и Зенит, почина на 43-годишна возраст.

Глазгов Ренџерс информацијата за заминувањето на Риксен од овој свет ја потврди на социјалните мрежи.

Само неколку месеци, откако ја заврши кариерата во 2013 година, Риксен откри дека е болен кога му беше дијагностициран АЛС, односно амиотрофична латерлана склероза, која удира на нервниот систем и прогресивно води до целосна парализа.

Со болеста се бореше цели шест години, но на крајот не успеа да излезе како победник во тешката борба.