Бивш репрезентативец на Италија гаснеше пожар за време на натпревар (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неверојатни сцени беа видени на натпреварот од швајцарската Промотивна лига помеѓу екипите Парадизо и Бавоа. Додека играчите се бореа за бодови на теренот на стадионот „Пиан Скаироло“, вистинска драма се одвиваше непосредно покрај авт-линијата!

Имено, покрај оградата што го разделува теренот од паркингот, избувнал пожар. Огнот почнал нагло да се шири, а додека другите гледале во шок, на сцена стапил никој друг, освен – Езекиел Скелото!

Поранешниот фудбалер на милански Интер, Аталанта и повремениот репрезентативец на Италија, кој моментално врши двојна улога во Парадизо (играч и потпретседател на клубот), не чекал пожарникарите. Скелото веднаш притрчал и сам го изгаснал огнот, спречувајќи инцидентот да се претвори во сериозна катастрофа.

За среќа, во овој инцидент никој не беше повреден, а натпреварот набргу продолжи.

Како да биде уште подобро за домаќините, „пожарникар“ Скелото и неговата екипа на крајот го прославија и во фудбалскиот дел. Иако Баво водеше од 11. минута со голот на Алварез, екипата на Парадизо во финишот режираше голем пресврт. Прво Бенаквиста израмни во 72. минута, за комплетен триумф и трите големи бода на домаќинот да ги донесе Д’Агостино во 82. минута од натпреварот.

.