Бивш тренер на Ноле: Ми се гади од предлогот на Ѓоковиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ неодамна предложи гренслем-турнирите да се играат во два добиени сетови и тоа не предизвика добра реакција од легендарниот тенисер Тод Вудбриџ.

Легендарниот тенисер во дабл конкунреција имаше соработка со еден од најдобрите, но не е воодушевен од неговиот предлог.

„Нема шанси да му помине таа идеја. Би ми се гадел таквиот тенис. Најдоброто кај тенисот е тоа што гренслемовите се посебни и за да освоите таков турнир е потребно да бидете и технички и физички подготвени“, вели Вудбриџ.

Ставот кој го брани претходно го завзема и Рафаел Надла.

„Ако гренслемовите се играат на два добиени сетови, тогаш секој турнир би изгледал исто. Изненаден сум што Ѓоковиќ се залага за такво нешто“, вели Вулбриџ.