Бизарно објаснување на Баерн Минхен зошто го избркаа Милер


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Томас Милер пред неколку дена потврди дека по 25 години го напушта Баерн затоа што клубот не му понуди продолжување на договорот. Таквиот потег предизвика револт кај навивачите, а од клубот се обидоа да објаснат зошто ја донеле таа одлука.

Раководството на минхенскиот клуб доби жестоки критики поради она што му го направија на Милер и се обидоа да објаснат зошто ја донеле таквата одлука, но изгледа дека со тоа си нанесоа само поголема штета.

Еден од челните луѓе на Баерн, Макс Еберл, се обиде да ја објасни одлуката да не му го продолжат договорот на Милер и порача дека ни самиот не можел да спие три дена пред да му кажат на искусниот играч што следи.

„Ова е одлука за иднината на Баерн. Разбирам дека Милер беше многу лут по нашиот разговор, но мораме да мислиме за иднината на тимот и да направиме место за нови и помлади играчи“, рече Еберл и додаде.

„Ни на мене не ми беше пријатно на тој состанок. Три дена пред тоа не можев да спијам“.

Фото: FC Bayern München/FB