Бјелица го удри Сане во лице и не планира да му се извини (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Унион Берлин, Ненад Бјелица предизвика инцидент откако го удри фудбалерот на Баерн Минхен, Лирој Сане.

Хрватот го чека голема суспензија, а најверојатно и отказ од Унион Берлин поради скандалозниот потег.

Бјелица во 75. минута беше во својот простор покрај аут-линијата, по што пристигна Сане кој сакаше брзо да го изведе аутот, но тоа набрзо ескалираше.

„Бев во својот тренерски простор. Топката дојде кон мене и сакам да му ја дадам на Сане, кој ме турна и реагирав како што не треба. Заслужив црвен картон, но ме испровоцира. Не планирам да му се извинам. Тоа се емоциите во фудбалот“, кажа Бјелица.