„Благодарам на Рома што ме врати“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Војчек Шчесни е благодарен што и  наредната сезона ќе ја помине во Рома, и се надева дека Волчицата ќе може да се вклучи во шампионската трка со фаворизираниот Јувентус.

Полскиот чувар на мрежата повторно е позајмен во римскиот тим од страна на Арсенал.

„Благодарам на клубот што сакаше да ме врати. Кога пр пат стигнав, Морган Де Санктис ми помагаше да се прилагодам, сега ќе ја имам таа улога со Алисон.

Ќе направам се да му помогнам, но тој веќе сега е одличен голман.

Мислам дека за Скудетото ќе се борат Рома и Јувентус. Посилни сме во однос на минатата сезона, за еден таков лидер како што е Вермален.

Играв со негово Арсенал, тој е навистина вистински командант во одбраната“, истакна Шчесни.