Блан од ПСЖ ќе добие најголема оштета во историјата на фудбалот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Францускиот фудбалски стручнак Лорен Блан ќе добие од ПСЖ најголема оштета во историјата на фудбалот.

Имено, раскин на договор на овој француски клуб и Блан е веќе готова работа, а ПСЖ поради тоа ќе мора да исплати дури 22 милиони евра на Блан што ниту еден тренер досега не добил таква оштета.

Да потсетиме дека агентот на овој тренер пред неколку дена потврди дека Блан до крајот на неделата ќе треба да го напушти клубот, а на негово место најверојатно ќе седне веќе сега поранешниот тренер на Севиља Унаи Емери.

Да потсетиме дека Блан освои дури 11 трофеи со ПСЖ во последните три години, но во ЛШ не отиде понатака од четвртфиналето.