Боатенг: Јас бев идиот, купував скапи автомобили… Во тоа не е среќата


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Честите повреди и неспортскиот начин на живот предизвикаа Кевин-принц Боатенг да не искористи скоро ниту дел од потенцијалот што го има.

Фудбалерот на Фиорентина некогаш важеше за еден од најголемите потенцијали, се предвидуваше дека ќе има одлична кариера, но „гревовите“ што ги изврши во младите денови го чинеа многу.

Таквиот стил на живот што тој го водеше денес сè уште го прогонува и тој не се колеба да зборува за својата младост, верувајќи дека неговите зборови ќе им помогнат на помладите колеги и дека нема да ги прават работите што тој ги правел.

“Бев идиот. Не го искористив талентот што го имав воопшто. Честопати доцнев на тренинг, дури не одев во теретана. Го мразев тренингот. Воопшто не го третирав фудбалот како работа. Наместо да тренирам, подобро би одел со пријателите во град”, Боатенг разговараше со Ла Република и додаде:

“Кога бев во Тотенхем за еден ден, купив три автомобили… Тоа ти дава среќа, но набргу потоа сфаќаш дека е само вообичаена работа што не ги решава проблемите. Кога не играв, кога имав семејни проблеми купувањето луксузни работи беше навистина вид удобност. Тоа е сосема погрешно“.

Денес тој има совети за младите играчи.

„Оставете ги материјалните работи, среќата не се купува со нив. Младите играчи мора да бидат ментално силни и треба да се борат“, рече Боатенг.

Најдобрите денови од неговата кариера Боатенг ги мина во Милан, а играше за Шалке, Џенова, Ајнтрахт, Лас Палмас, Сасуоло, Барселона …