Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан ги демантираше шпекулациите дека тој и управата на клубот размислуваат околу доведување на Лука Модриќ.
Во шпанските и италијанските медиуми во изминатите неколку денови може да се прочита информација дека Модриќ во јануари ќе го напушти Реал Мадрид и дека наредната дестинација можно е да биде Милан.
Сепак, Бобан пред синоќешниот натпревар во Серијата А против СПАЛ ги демантираше шпекулациите дека размислува за доведување на својот сонародник.
„Не размислувам околу Модриќ, размислувам само на натпреварот против СПАЛ и Лацио. Тоа се многу поважни работи отколку размислување околу приказната за Модриќ која некој што нема работа ја сервираше на фудбалската јавност“, изјави Бобан за Скај Спорт.
Да се потсетиме дека Милан во меѓувреме издвои победа против Спал со резултат од 1:0 и ја прекина низата од натпревари без победа, но доколку сакаат додатно да напредуваат во вториот дел од сезоната јасно е дека мора да бараат засилувања.
Што се однесува до Лука, освен со Милан тој доста пати се поврзуваше и со градскиот ривал Интер, но во наредните седмици ни преостанува да видиме дали воопште ќе го напушти Реал Мадрид или приказната, како и до сега, ќе остане само шпекулација.