Бобан Грнчаров се врати во Вардар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Бобан Грнчаров се врати во најтројфениот македонски клуб Вардар, а новата соработка беше потврдена преку социјалните мрежи.

Вардар во моментов е во втората лига и се бори за враќање во елитата, а Грнчаров треба да му помогне на стручниот штаб во остварување на мисијата.

„Поранешниот капитен на тимот, Бобан Грнчаров е нов член на стручниот штаб на Вардар. Грнчаров како фудбалер на Вардар има повеќе од 100 настапи за екипата, а беше член и на генерацијата која за првпат настапи во групната фаза на Лига Европа“, соопштија од Вардар.