Боели бара нов тренер: Четири потенцијални кандидати за замена на Потер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Грем Потер пристигна во Челси пред неколку месеци, но од европски гиганти направи екипа која делува просечно во Премиерлигата и се наоѓа далеку од врвот на табелата.

Челси во последниот меч загуби од Саутемптон на домашен терен, а тоа предизвика револт кај навивачите кои бараат отказ за англискиот тренер.

Како потенцијални кандидати кои може да го заменат Потер се споменуваат четири имиња, а тоа се Зинедин Зидан, Луис Енрике, Диего Симеоне и Маурицио Покетино.

Во моментов само Симеоне има ангажман во Атлетико Мадрид, додека останатите се без работа, а газдата Тод Боели наскоро треба да донесе конечна одлука.