Боели е на потег: Четири тренери кои можат да го заменат Потер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Притисокот врз новиот тренер на Челси, Грем Потер постојано се зголемува поради кризата во која се наоѓа екипата, а посебно болен е фактот што „сините“ ги загубија последните три меча во Премиерлигата.

Англиските медиуми шпекулираат дека газдата на клубот, Тод Боели можеби ќе го отпушти Потер уште во јануари затоа што Челси во моментов има 16 бодови помалку од лидерот Арсенал.

Во медиумите се споменуваат неколку тренери кои може да го заменат Потер на кормилото на гигантот од Лондон, а еден од нив е Маурицио Покетино кој во минатото го тренираше Тотенхем, а опција е и Брендан Роџерс кој си замина од Лестер.

Уште едно звучно име кое се поврзува со Челси е селекторот на Франција, Дидие Дешам кое е помалку веројатна опција, додека непопуларно мислење кај навивачите има за уште еден кандидат, а тоа е Рубен Аморин од Спортинг Лисабон.