Боели ептен се налутил: Челси останал без две засилувања поради Тухел!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот сопственик на Челси, Тод Боели не бил среќен со тренерот Томас Тухел затоа што не можеле да се сложат за новите засилувања во летниот преоден рок.

Германецот доби отказ (не)очекувано по поразот од Динамо Загреб (0-1), а една од причината бил и лошиот однос со газдата на премиерлигашот.

Англиските медиуми пишуваат дека Боели и директорите на тимот биле ептен лути затоа што Тухел не им помогнал во преговорите и поради тоа останале без две врвни засилувања.

Тие се Рафиња од Лидс и Жил Кунде од Севиља, кои беа блиску до Челси, но сепак на крајот се решија за трансфери во Барселона.

Тухел сметал дека други опции би биле подобар избор за неговиот тим, па не се трудел во преговорите со Кунде и Рафиња.