Боели не знае за – доста: Челси почна преговори за ново засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси досега потроши над милијарда евра за засилувања по доаѓањето на новиот газда Тод Боели, но мора да се признае и дека преку продажба на играчи и ослободување на плати ослободи околу 450 милиони евра од буџетот.

Боели, сепак, не мисли да запре со засилувања за премиерлигашот и веќе почнал преговори за 17-годишниот талент Москардо.

Англиските медуми пишуваат дека Москардо наскоро ќе стане нов фудбалер на „сините“, кои за неговиот трансфер ќе платат околу 20-25 милиони евра.