Боели почнал преговори со ПСЖ: Нејмар пред потпис со Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси мисли на нови засилувања, а газдата Тод Боели веќе имал преговори со Насер Ал-Келаифи од ПСЖ за трансфер на бразилскиот фудбалер Нејмар.

ПСЖ сака да го продаде Нејмар затоа што прави проблеми во соблекувалните, а пред неколку дена се „фати за гуша“ со спортскиот директор, Луис Кампос.

Челси покажал сериозен интерес за Нејмар, а наводно англискиот гигант понудил 60 милиони евра за трансфер на Нејмар и сега на потег е ПСЖ.

Нејмар има договор со парижаните до 2025 година, а наскоро треба да биде одредена неговата иднина.