Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челси потроши над 300 милиони евра за засилувања, но резултатите се ужасни, а многумина главен виновник за тоа наоѓаат во тренерот Грем Потер.
Последно разочарување беше поразот од Саутемптон од 0-1 на „Стемфорд бриџ“, по што газдата Тод Боели реши да му даде шанса на Потер на уште три натпревари.
Челси го чека тежок распоред, односно дуели против Тотенхем, Лидс и Борусија Дортмунд, а доколку екипата не победи на сите три натпревари, тогаш Потер ќе мора да си бара друга работа.
Како замена за Потер се споменуваат неколку имиња, меѓу кои се Зинедин Зидан, Жозе Мурињо, Томас Тухел, Луис Енрике, како и Диего Симеоне.