Богати Aрапи купуваат премиерлигаш и ги ангажираат Алегри и Икарди!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наскоро во Премиерлигата би можел да биде создаден нов гигант. Англиските медиуми објавија дека принцот Мохамед Бин Салман решил да инвестира на Островот и сака да го купи Њукасл.

Њукасл веќе долго време бара нов сопственик затоа што Мајк Ешли не го предводи тимот како што сакаат навивачите, а наводно тој се согласил да ја продаде екипата за 340 милиони фунти.

Арапите планираат да го купат премиерлигашот, по што веднаш ќе почнат да прават големи инвестиции, а најпрво на тренерската позиција сакаат да го донесат Масимилијано Алегри, кој е без работа откако замина од Јувентус.

Освен него, треба да пристигнат уште неколку звучни имиња во клубот, меѓу кои и Мауро Икарди, кој настапува одлично во дресот на ПСЖ.