Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На денешен ден пред две години цел свет запре за момент кога медиумите објавија дека во хеликоптерска несреќа во Калифорнија загина Коби Брајант.
Коби загина на 42-годишна возраст, а во несреќата во Калифорија настрадаа и неговата 13-годишна ќерка Џиана, како и уште седум лица.
Брајант цел акариера ја помина во Лос Анџелес Лејкерс, со кој освои пет шампионски прстени, а еднаш беше избран за МВП во НБА-лигата, додека двапати учествуваше во големо финале и 18 пати беше на Олстар натпреварите.
Лејкерс ги повлече двата дреса и тоа е единствен кошаркар кој во историјата на НБА добил таква почит. Рекордот на кариерата го освари во 2006 година кога против Торонто постигна 81 поен, а пред него е само Вилт Чемберлент со 100 поени.
Коби во просек постигнуваше по 25 поени, 5,2 скокови и 4,7 асистенции, а беше познат и по интересот за филм, па така во 2018 година доби Оскар за најдобар краток анимиран филм.