Болничарката не смеела да го прегледа Марадона, адвокатот вели: Марадона можеше да преживее!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во претходните денови се зборува за тоа дека Диего Армандо Марадона ќе останел живо ако добиел соодветна медицинска нега.

Откако болничарката која била ангажирана да го чува Марадона кажа дека го лажирала медицинскиот извештај, се јави и нејзиниот адвокат.

Според неговите зборови, докторите наредиле на болничарката да не му приоѓа на Марадона, како и да не ја проверува неговата состојба.

„Добила инструкции поврзани со психијатриските лекови, од страна на психијатарот, а имаше и еден разговор со личниот доктор Луке. Кога дојде, имаше нормален пристап, туке биле и помошните терапевти, кои се грижеле за Марадона 24 часа дневно. Но, кога од понеделник се вратила на работа, тоа се променило… Наводно Марадона лично побарал таа да не доаѓа, а таа останал на смена. Диего бил оставен сам во соба без ниту еден доктор кој може да реагира“, обвинува адвокатот.