Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот гигант Челси го договорил трансферот на напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, а наскоро се очекува и официјална потврда.
Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека Нкунку имал тајни медицински прегледи на почетокот на септември, па се очекува да се пресели во Челси во јуни 2023 година.
Нкунку беше еден од најдобрите фудбалери во германската Бундеслига и привлече внимание на европските гиганти, но сепак реши да остане во Лајпциг уште една сезона.
Челси нема намера да чека до лето за да изгуби уште една војна, па затоа реши пред време да го договори напаѓачот, а засега се шпекулира дека за трансферот ќе платат 60 милиони евра, иако допрва следат преговори меѓу клубовите.
Christopher Nkunku had a medical with Chelsea, confirmed as called by @BILD. 🚨🔵 #CFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 30, 2022
Chelsea sent long term contract bid to Nkunku to prepare the deal for 2023.
It’s not done yet, as Chelsea & RB Leipzig will speak about fee: €60m release clause, or different deal structure. pic.twitter.com/645YGNjsCc