Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ објави дека на Кинезите им се смачи во Интер. Досега вложија околу 700 милиони евра, а Интер делува подобро, отколку во претходните години и има шанса за Скудетото, но компанијат „Сунинг“ доживеа големи загуби во пандемијата.
Тие побараа два кредити, еден од 300 милиони евра од „Голдман Сакс“, а вториот е од 75 милиони евра од „Џеј Пи Морган“. Станува збор за пари кои треба да бидат вратени за една година.
Медиумот пишува дека Кинезите немаат пари и тоа ќе го покажат во преодниот рок, а Интер ќе мора да продава фудбалери. Наинголан се врати во Каљари, но на позајмица, а треба некако да го продадат Ериксен и Пинамонти, но нема конкретни понуди.
Играчите добија плати за септември и октомври, а тие од јули и август треба да бидат исплатени во следните два месеци, а допрва ги очекуваат преговори со управата. Се шпекулира дека Кинезите мора да го продадат ИНтер, а ако не го направат тоа, тогаш ќе мора да се ослободат од неколку важни фудбалери.