„Бомба“: Клоп од Борусија на „Енфилд“ носи две ѕвезди?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипата на Ливерпул има лош старт на сезоната и веќе многумина ги отпишаа од трката за титулата, но тренерот Јирген Клоп веќе почна да бара нови засилувања.

Клоп планира уште во јануари да купи неколку фудбалери, а меѓу нив се две ѕвезди на Борусија Дортмунд, иако тоа ќе биде пеколно тешка задача.

Новинарот Екрем Конур објави дека поранешниот англиски и европски првак планира да ги купи Џуд Белингам, кој е поблиску до Реал Мадрид отколку било кој тим, како и Јусуфа Мукоко, кој игра во одлична форма.

Инвестицијата на „црвените“ за двете засилувања ќе чини над 130 милиони евра, а Клоп сака да ги купи уште во јануари, но сепак ќе има голема конкуренција од останатите ривали.