„Бомба“ на „Олд Трафорд“: Јунајтед урна светски рекорд!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека е постигнат договор меѓу Лестер и Манчестер јунајтед за трансфер на Хари Мегваер, со кој ќе бидат урнати сите рекорди.

Јунајтед за услугите на 26-годишниот дефанзивец ќе плати 85 милиони фунти и тоа ќе биде најголем износ, кој досега е платен за дефанзивец.

Тимот од „Олд Трафорд“ во наредните часови официјално ќе го потврди трансферот на Англичанецот, со кој одбраната на „ѓаволите“ ќе биде многу посилна.

Мегваер во претходните две сезони настапуваше во Лестер, кадешто стана стандарден фудбалер, па сега ќе биде и најскап дефанзивец во светот.