Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот шампион Црвена Звезда е заинтересирана за левиот бек на Рома и капитен на српската репрезентација, Александар Коларов, кој би можел да се врати во Белград.
„Газета дело Спорт“ откри дека Коларов уште пред неколку месеци имал понуда од српскиот шампион, но Рома сакала да го задржи искусниот дефанзивец .
Сега се појави нова информација дека Звезда повторно е подготвена да тргне по услугите на Коларов, а една од главните причини за трансферот е тоа што Србинот е емотивно поврзан со „црвено-белите“.
Рома нема желба да го пушти Коларов, но секако за тоа решава и самиот фудбалер, па Звезда ќе мора да ја зголеми нивната понуда.