Бомба од Франција: Донарума го напушта Париз и се враќа во Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот чувар на мрежата Џанлуиџи Донарума минатото лето го засили ПСЖ и се очекуваше да го преземе голманското место од Кејлор Навас, но тоа не се случи.

Тренерот Маурицио Покетино повеќе му верува на Навас, кој добива шанса во првиот тим, додека Донарума седи на клупата со резерви.

Италијанските медиуми пишуваат дека Донарума не е задоволен во ПСЖ и не очекувал да седи на клупата за резерви, па затоа сака да си замине од Париз.

Неговиот менаџер Мино Рајола сака да му најде друг тим на Донарума, па сега се шпекулира за преселба во Јувентус, што би било уште еден удар за Милан, кој и така не може да го преболи неговото заминување минатото лето.