„Бомба“ од Германија: Дортмунд се засилува од Баерн Минхен


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Новата генерација фудбалери на Борусија Дортмунд одиграа добра сезона, но на крајот ја загубија титулата во последното коло од Баерн Минхен.

Сепак, „Милионерите“ во новата сезона ќе се обидат да го освојат трофејот, а поради тоа Дортмунд ќе се обиде да ангажира фудбалер од Минхен.

„Билд“ пишува дека голема желба на Дортмунд е Матс Хумелс, кој всушност настапуваше претходно за Борусија, но потоа се пресели во Минхен.

Хумелс следната сезона нема да има ниту обврски во репрезентацијата на Германија, зашто селекторот не смета на него, па поради тоа ќе може да се посвети на обврските во клубот.