Бомба од Мадрид! Куфер со 120 милиони евра е подготвен за спектакуларно засилување


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона не игра ниту приближно на нивото кое се очекува од оваа екипа, и јасно е дека на крајот на сезоната ќе има промени. Арбелоа се бори како лав за добар резултат што би го задржал на тренерската позиција на Реал Мадрид и следната сезона.

Се разбира, некои тренерски имиња се спомнуваат како потенцијални наследници, а зборува се и за играчи кои би требале да дојдат во Мадрид.

Без разлика дали Арбелоа ќе остане на клупата на Реал Мадрид или не, раководителите на овој клуб сакаат големо засилување во средниот ред.

Според шпанскиот Фичајес, Реал Мадрид подготвил куфер полн пари за Енцо Фернандез, а станува збор за сума од 120 милиони евра.

Откако сфатија дека нема шанси да го доведат Витинија од Париз Сен-Жермен, се свртеа кон Аргентинецот.

Од подолго време се зборува дека сите во Реал Мадрид исклучително го ценат Енцо Фернандез, и изгледа дека е време да го доведат во своите редови.