„Бомба“ од Мадрид: Перез ќе ги ангажира Мбапе и Халанд на лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид планира следното лето да купи две ѕвезди, а тоа се Ерлинг Халанд од Манчестер сити и Килијан Мбапе од ПСЖ.

„Кралевите“ веќе работат на трансферот на Мбапе, кој добил понуда од Мадрид и ова можеби ќе биде последната шанса да го облече дресот на Реал.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се откажува од својот план да го купи и Халанд идното лето.

Перез поради Халанд се откажал дури и од Хари Кејн, кој минатото лето се пресели од Тотнем во Баерн Минхен.