„Бомба“ од Манчестер: Јунајтед троши 60 милиони евра за ново засилување

Спортскиот сектор на Манчестер Јунајтед одржа позитивни разговори со напаѓачот на Вулверхемптон Матеус Кунја.

Расмус Хојлунд не успеа да го даде тоа што е потребно на Јунајтед. Да беше само тој проблемот, но, за жал… Се очекува летово да биде прилично турбулентно на “Олд Трафорд”, а новиот шпиц е еден од приоритетите. Изборот падна на Матеус Куња чија откупна клаузула надминува 60.000.000 евра.

Се очекува Јунајтед да се ослободи од Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Антонио и Тајлер Маласија, а потенцијално и од Расмус Хојлунд, со што би можеле да соберат дополнителни средства за обновување на тимот.

Фото: Принтскрин