Бомба од Островот: Манџукиќ прави одличен трансфер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во нападот на Јувентус е голема гужва, освен ѕвездата Кристијано Роналдо тука се Игуаин, Дибала и Кин, а како вишок тренерот Сари го ознаци токму хрватскиот напаѓач.

Манџукиќ не е тип на фудбалер каков што Сари преферира во нападот и се поизгледно е неговото заминување од Торино, а како наредна станица во кариерата се споменува Англија, поточно – Манчестер Јунајтед.

На Островот пишуваат дека Црвените Ѓаволи сериозно ја следат ситуацијата со 33-годишниот голгетер и планираат да го доведат на Олд Трафорд, а целата приказна би можела да се конкретизира во наредните денови, со обизр на тоа дека преодниот рок во Премиер лигата трае до 8. август.

Во случај да премине во Јунајтед, Манџукиќ ќе биде и првиот Хрват кој заиграл на Олд Трафорд.