Бомба од Турција: Каде заминува Един Џеко?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дали летово ќе го напушти Рим?

Капитенот на босанската фудбалска репрезентација и член на Рома, Един Џеко летоска можно е да ја напушти Италија.

Џеко договорот со Римјаните го има до 2020 година, но веќе одамна се шпекулира за неговото враќање во Англија, но и многу други опции.

Италијанците тврдат дека Рома сигурно ќе го стави Џеко на продажба, а наводно за услугите на одличниот босански напаѓач заинтересиран е и Интер.

Утринава во турските медиуми се појавија и информации дека за услугите на Џеко заинтересирани се и од управата на Фенербахче и се шпекулира дека Џеко е нивна главна мета.

Веруваат дека Един е веќе „заситен“ од играње во лигите од петорката, па можно е да го започне патот со Турција каде што ќе биде миленик на навивачите.

Турците тврдат дека од Фенербахче ќе направат се за да го донесат Џеко, но големо прашање е што ќе каже Рома, но и босанскиот напаѓач.