Бомба од Украина – Хрват доаѓа во Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Трибуна пишува, а пренесуваат шпанските и хрватските медиуми.

На летниот преоден рок е спуштена завеса, а украинците активираа вистинска бомба.

Капитенот на клубот и живата легенда на Шахтјор, Даријо Срна прави трансфер во Барселона.

Така пишува Трибуна, а експресно пренесоја и шпанските и хрватските медиуми. Украинците тврдат дека постои можност Срна да го раскине договорот со Шахтјор, а потоа како слободен играч да потпише за каталонците. Срна има договор до јуни следната година, а во Доњецк наводно се спремни да му дозволат да го раскине договорот.

Трибуна тврди дека преговорите се во тек, но и дека ништо не е договорено.

Дарио Срна игра за Шахтјор од 2003-та година и со тој клуб освои над 20 трофеи. Пред тоа го носеше дресот на Хајдук Сплит, а од репрезентативниот дрес се прости после ЕП во Франција.