„Бомба“ во јануари: Ѕвезда на Интер се сели во Барселона?


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Напаѓачот Лаутаро Мартинез игра одлично сезонава, па во аргентинската репрезентација веќе добива еден куп пофалби, а проблем на Интер му е интересот на Манчестер јунајтед и Барселона.

Англичаните пишуваат дека Јунајтед е подготвен да плати клаузула од 110 милиони евра и да го купи искусниот напаѓач на Интер.

Агентот на Лаутаро заминал во Барселона, иако фудбалерот негираше дека тоа е поврзано со потенцијален трансфер.

Поранешниот фудбалер на аргентински Рејсинг заработува милион ипол евра годишно, па Интер му нуди повеќе пари, но сигурно не може да се натпреваруваат со понудата на Барселона, како и со понуда од Јунајтед доколку стигне во следниот период.