„Бомба“ во Каталонија: Силва прифатил трансфер во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона се обидува да ја реши ситуацијата околу Френки Де Јонг, кој не сака да го напушти „Камп Ноу“, а во исто време сака да го купи Бернардо Силва од Манчестер сити.

Англиските медиуми пишуваат дека Барселона се договорила со Бернардо Силва, па сега остануваат преговорите со англискиот шампион.

Целиот трансфер на Силва ќе чини околу 80 милиони евра, а Силва ќе го напушти „Итихад“ по 2017 година, откако освои четири титули во Премиерлигата.

Доаѓање на Силва во Барселона најверојатно ќе значи и дефинитивно заминување на Френки Де Јонг од клубот, а Холанѓанецот досега одбиваше понуди од Манчестер јунајтед и Челси, но сепак може да се промени тоа во следниот период.