„Бомба“ во Мадрид: Реал договори засилување од Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид скапо ги плаќа своите играчи, а ова лето посебно се активираше на пазарот.

Реал веќе го доведе Еден Азар за 100 милиони евра, Лука Јовиќ за 60 милиони, Едер Милитао за 50, Ферланд Менди за 48 и Родриго за 4 милиони евра, но Кралевите тука не запираат, веќе настојуваат да го засилат средниот ред.

И понатаму се води битка за Пол Погба, но во меѓувреме се проширија информации дека Реал постигнал договор со Ливерпул за трансфер на Бразилецот Фабињо.

Шпанските медиуми тврдат дека играчот ги договорил личните услови со Реал, и дека ќе потпише договор до 2024. година и според истиот ќе заработува 7.5 милиони евра годишно, додека во Ливерпул заработуваше 6.5 милиони со 10 во бонуси.

Фабињо е квалитетен играч, тој во 2012. година веќе играше за Реал Мадрид како позајмен играч од Рио Аве. Играше во вториот тим, но успеа да запише настап и за првиот тим на Реал.