Бомба за крај на преодниот рок: Во главна улога ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на ПСЖ пробува во своите редови да го доведе германскиот фудбалер од редовите на Волфсбург Хулијан Дракслер.

Како што наведува германски Кикер, Светците подготвија неверојатна понуда вредна 75 милиони евра.

Иако од Волфсбург порано нагласија дека Дракслер не е на продажба, тоа не го спречи ПСЖ да испрати понуда и тоа навистина вртоглава.

Порано овој фудбалер се поврзуваше и со Арсенал, но како што работите стојат на крајот овој офанзивец може да заврши на Паркот на Принцевите.