До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бернардо Силва и Барселона? Изгледа дека Португалецот конечно ја дочека шансата да го оствари сон.
Новинарот Хозе Алварез синоќа во емисијата „Ел Чирингито“ ја лансираше бомбата – Барселона сака да го доведе Бернардо Силва како слободен играч следното лето!
Ако го изземеме минатото лето, кога Ханси Флик сметаше дека засилување на таа позиција не е потребно, со години наназад Барселона и Бернардо Силва беа тема на медиумите ширум Шпанија и Англија.
Силва беше особено блиску во летото 2023 година, кога се прости од „Етихад“ после натпреварот во Комјунити шилд, но Барселона немаше финансиски средства за да го реализира трансферот. Силва секогаш сакал по Сити да замине во Каталонија, каде има и роднини и пријатели и често патува во овој град на одмор.
Силва го застапува и Жорж Мендеш, голем пријател на Жоан Лапорта, што дополнително ги олеснува преговорите околу личните услови. Силва нема да има големи барања, бидејќи е свесен дека ова му е последната шанса за уште еден голем клуб, бидејќи е на прагот на 32-рата година, кои ќе ги полни во август.
















