Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се вратиме 20тина години назад, и се пристиме на драматични последни денови од преодниот рок. Барселона за да ја спречи Ла Коруња да го продаде Ривалдо во Интер плати 24 милиони евра. Смешна сума во однос на денешните.
Реал во 2005 година, во последниот ден плати 27 милиони евра за Серхио Рамос на Севиља. Тоа беше еден од најскапите трансфери на дефанзивци.
Во 2002 пак Реал плати 45 милиони евра и го донесе најдобриот стрлец на мундијалот во 2002, Роналдо.
Реал се доста активни во последниот ден, во 2008 го продадоа Робињо во Сити, а во 2013 пак Месут Озил го продадоа на Арсенал.
Во 2004 Ибрахимовиќ беше продаден од Ајакс во Јувентус за 17 милиони евра, а истиот ден Руни премина од Евертон во Јунајтед за 37 милиони евра.
Ернан Креспо истиот ден кога Роналдо потпиша за Реал тој премина од Лацио во Интер, а Лацио тогаш беа во финанскиски проблеми, Интер издвои 26 милиони евра.
И Герет Бејл чекаше Реал да искешира 110 милиони евра и да го соблече дресот на Тотенхем. До ова лето тоа беше и најскапиот трансфер, но Погба му го зеде тоа место на Бејл.
И Марсијал минатата година премина од Монако во Јунајтед во последниот ден за 50 милиони евра.