Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот дефанзивец, Леонардо Бонучи, е блиску до преминување во редовите на Манчестер Јунајтед.
Менаџерот на “Црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо, е голем фан на играта на 29 годишниот фудбалер на Јувентус и сака да го види во својот тим.
Наводно, Јунајтед после Европското првенство ќе испрати понуда до италијанскиот клуб, а таа би требало да изнесува 25 милиони евра.
Интерес за Бонучи покажа и Челси кој од наредната сезона ќе биде предводен од поранешниот тренер на “Бјанконерите”, Антонио Конте.
Бонучи е член на Јувентус од 2010 година. Пристигна од Бари, а во претходните години се израсна во еден од најдобрите дефанзивци во Европа.
Минатата сезона одигра 49 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања и постигна три погодоци.