Бонучи ја дозна казната откако го фати за врат секретарот на Интер и му се закани! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одбранбениот фудбалер на Јувентус, Леонардо Бонучи може да биде среќен затоа што не заработи сериозна суспензија, туку помина само со парична казна по инцидентот со секретарот на Интер, Кристијано Моцило.

Секретарот почнал да го слави победничкиот гол зад грбот на Бонучи, а тоа го изнервирало дефанзивецот кој го фати за врат.

„Не ми слави во лице… Ќе те убијам“, му кажал Бонучи таа вечер на Моцило, по што дефанзивецот доби казна од 10.000 евра.