Борјан: Хрватските навивачи се примитивци!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Србинот Милан Борјан кој го брани голот на Канада синоќа имаше непријатен момент на мечот меѓу Канада и Хрватска (1-4), каде што хрватските навивачи го навредуваа од трибините.

Борјан по мечот откри дека на неговиот телефон добил над 2.500 пораки со навредлива содржина од хрватските навивачи.

„Фудбалерите на Хрватска се господа, но затоа нивните навивачи се примитивци. Ниту имам што да кажам за нив, сами си го покажаа лицето. Ме навредуваа постојано, изгледа имаат фрустрации од дома, па тоа го покажуваат тука. Треба да поработат на себе и своите семејства“, кажа Борјан.

Во одбрана на голманот застана и хрватскиот фудбалер Бруно Петковиќ кој кажа дека не се убави такви пораки од трибините.