Боро не се шегува, составува тим за Европа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повратникот во Премиер лигата има големи амбиции во наредната сезона.

Доколку управата на Мидлзборо успее да му ја исполни желбата на менаџерот Аитор Каранка, на никого нема да биде лесно на Риверсајд.

Ако го одземеме голманот Виктор Валдес, кој ќе проба на северот од Англија да ја оживее својата кариера, досега немаше такви официјални засилувања, но не значи дека нив ќе ги нема.

Сигурно веќе знаете дека поранешниот репрезентативец на Србија Невен Суботиќ е на чекор од доаѓање во Боро, но тој нема да биде најзвучно име кое се доведува во врска со овој клуб.

Имено, британските медиуми пишуваат за уште две големи мети, а тоа се Алваро Негредо, кој може да стигне на позајмица и Аднан Јанузај, кој не е во прв план кај Жозе Мурињо.

Каранка инсистира на Негредо и во некогашниот центарфор на Манчестер Сити кој го гледа како лидер на нападот на својот тим, додека Јанузај треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред.

Поради тоа што се претпоставува дека тие двајца нема да имаат значајна улога во Валенсија, односно Манчестер Јунајтед, не е неочекувано во наредната сезона да бидат ведети на Мидлзборо.

Боро го сака и Гастон Рамирез, Уругваецот кој во минатата сезона ја помина на позајмица на Риверсад како позајмен играч на Саутемптон и беше еден од најзаслужните за промоцијата во Премиер лигата. Тој доживеа хорор повреда во самиот финиш на сезоната, но Каранка неодамна изјави дека би го довел овој плејмејкер повторно да биде дел од неговиот тим.