Борусија Дортмунд купува нов фудбалер од Премиер лигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимот на Борусија Дортмунд се навикна да купува млади фудбалери од Англија, па ова лето тоа ќе го стори повторно и ќе донесе најмалку двајца играчи кои играат на Островот.

Веќе е договорен супер талентот на Бирмингем, Џуд Белингем за кого „милионерите“ се бореа со Манчестер Јунајтед, а сега се насочија кон ангажман на стоперот на Норвич, Бен Годфри.

Станува збор за 22 годишен играч пред кого се предвидува блескава иднина, а за кого Борусија ќе мора да плати големи 50 милиони фунти.

„Скај Спортс“ пренесува дека Норвич нема да попушти за цената, па иако клубот речиси сигурно ќе испадне во Чемпионшип нема да го пушти Годфри за помала сума од 50 милиони фунти.