Борусија Дортмунд потврди дека нивната голема ѕвезда си оди од клубот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Борусија Дортмунд потврдија дека Марио Геце ќе си оди од клубот ова лето.

Спортскиот директор на „милионерите“, Микаел Зорц на прес конференција пред натпреварот со Волфсбург потврди дека Геце ќе си оди од клубот ова лето.

„Ќе се разделиме со Марио Геце ова лето. Тоа беше заедничка одлука која ја донесовме со огромна почит. Марио е одличен човек“ –изјави Зорц.

Договорот на 27 годишниот фудбалер истекува на крајот на јуни, а потоа тој ќе може да ја промени средината и да потпише за некој клуб без никакво обесштетување.

Се споменува дека тимот на Интер во моментов е најзагреан за услугите на некогаш најголемиот германски талент.